Штипјанец најден мртов кај Чардаклија

Триесет иосумгодишен штипјанец е пронајден мртов во близина на штипското село Чардаклија, соопшти во петокот Минситерството за внатрешни работи.

Во соопштениоето на СВР-Штип се вели дека синоќа  во 23,41 часот во СВР Штип било пријавено оти во место викано Манастирче, атар на село Чардаклија, штипско, бил пронајден починат 38-годишниот М.Е. од Штип.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид извршила екипа од СВР Штип, се вели во соопштението од СВР-Штип.

По насоки на Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено за обдукција, по што ќе се утврди дали станува збор за насилна  или станува збор за природна смрт или пак за несреќен случај