Во петокот попладнето околу 18,30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 39-годишниот штипјанец Ј.К.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол.
Мажот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.