![g_pozar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/g_pozar3.jpg?resize=486%2C324&ssl=1)
Постар штипјанец е пренесен на Ургентно во Скопје откако се здобил со изгореници во пожар кој самиот несвесно го предизвикал.
Шеесет и осумгодишниот М.М. добил тешки изгореници во пожар што синоќа самиот ненамерно го предизвикал во неговата куќа во штипската населба „Македонка“, пренесе полицијата.
Поради сериозноста на изгорениците, од прв, втор и трет степен, М.М. од штипската болница е пренесен на скопските клиники.
Старецот од куќата која горела бил извлечен од страна на пожарникарите.
Се утврдуваат причините за пожарот кој можел да го чини живот.