Двајца штипјани биле нападнати од сограѓани кој без причина почнал да ги удира со тупаници.
Министерството за внатрешни работи вчера, околу 20 часот во кафеаната „Гроф“ на улицата Кирил и Методиј 53-годишниот К.М. направил вистински хаос.
Тој влегол во кафеана и без причина го нападнал 35-годишниот Г.Ј. удирајќи го со тупаници во пределот на лицето и главата. Во еден момент 50-годишниот В.Н. го фатил за рака К.М. и се обидел да го убеди да престане со физичкиот напад, но истиот физички го нападнал и него удирајќи го со тупаници во пределот на носот и лицето.
Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот.