Штипјани даруваат – за два часа собрани 14 тони вода

Хуманитарна акција за поплавените региони во Србија и Босна и Херцеговина утрово се организираше во Општина Штип во организација на локалните власти , Црвениот крст и „1.мк“.

„Одзивот е одличен и во собирниот пункт во Општина Штип собрани се големи количини на храна, вода, пијалоци, облека, обувки и санитетски материјал. За нешто повеќе од два часа, од почетокот на акцијата, собрани се околу 14 тони вода“, се вели во соопштението од Општина Штип.

Од општината истакнуваат дека штипските фирми несебично донираат, се јавуваат на посочените телефонски броеви и контактираат со лица од Општина Штип за достава на материјали, облека и вода. Со оглед на тоа што просторот во локалната самоуправа е ограничен, големите количини на вода се носат на терминалот во Штип каде директно се товарат во камион, се оценува понатау во соопштението.

stippomos4

„Акцијата ќе трае до 19 часот вечер, исто така и утре а веќе следниот ден ќе биде организирано носење на се што е собрано на настраданите во Србија и БиХ. Сета хуманитарна опрема ќе биде однесена во собирниот центар во Свилајнац а од таму ќе се распоредува на жртвите од поплавите“, изјави Снежана Санева, шеф на кабинет на Штипскиот градоначалник.

Паралелено со собирниот пункт во општината, има и пункт на градскиот плоштад, а Црвениот крст на Штип исто така од викендот спроведува голема собирна акција на повеќе пунктови низ градот.

 

stippomos5