Штипска обвинителка донела решение со кое се обидела да го запре кривичното гонење на Мишко Николов и Љупчо Црвенковски и уште шест други лица со образложение дека при ланскиот инцидентот во штипската дискотека „Мистик“ немало насилство туку само нанесување на телесна повреда.
Сепак, ваквиот обид на обвинителка останал нереализиран бидејќи жалбата што нападнатиот во инцидентот ја поднел против нејзиното решение е прифатено од Вишото јавно обвинителство, па сега, тобвинителката Татјана Кацарова се соочува со можни последици.
„Благодарение на медиумите мојот случај излезе пред јавноста и Основниот Јавен обвинител од Скопје преку медиумите се запозна со однесувањето на Кацарова. Сега е редот на Одновниот Јавен Обвинител на РM и на Советот на Обвинители да го разгледаат случајот и да превземат мерки против Обвинителката која го отфрли случајот во кој беше вклучен нејзиниот син и неговите другари. За да судиш за други лица, самиот треба да си морална личност, пример во средината во која живееш, авторитет и личност со голема доза на правичност. Вакви ситни души, кои во секој случај гледаат интерес не треба да се пуштаат до судот, а камо ли да судат за некој“, вели Драган Михајлов, кој беше повреден при инцидентот.
Инцидентот се случи на 17-ти март лани кога според полицијата Николов, син на сопственикот на компанијата „Брилијант, Мите Николов, Љупчо Црвенковски син на Бранко Црвенковски и останатите лице без повод го нападнале Михајлов удирајќи го со тупаници по телото и лицето. По инцидентот полицијата поднесе кривични пријави против Николов, Црвенковски и останатите учесници за сторено кривично дело насилство.