На 20 и 21 септември во Штип ќе се одржи 16. издание на манифестацијата „Пастрамалијада“. На денешнта прес-конференција Александар Арсовски како организатор од Општина Штип и познатиот македонски водител Миро Кацаров истакнаа дека новата локација за оваа манифестација е улицата „Ванчо Прќе“, а со голем број гости и изведувачи, пастрмајлии и добри вибрации се очекува масовна посетеност и одлична забава. И годинава ќе се одржи традиционалното сечење на џиновската пастрамајлија, како и натпревар во брзо јадење.
-Имаме одлични изведувачи, пред се македонски изведувачи. Имаме и нова локација, ова е трета локација по ред на улицата „Ванчо Прќе“. Мислам дека ќе биде најдобро оваа година, оти ќе биде во центарот, ќе биде масовно и ќе има мнолгу вибрации, вели Кацаров.
Македонски и странски ѕвезди и годинава ќе бидат дел од пастрмалијадата, со што ќе се понуди забава за сите генерации од седум до 77 години.
-Петок настапуваат Антонија Гиговска, Дани Димитровска која се прослави на „Макфест“, ФИС бенд и ѕвезди на вечерта се Лексингтон бенд. Саботата се Дупер бенд, Жаре бербер, Јордан Митев и Петар Грашо, додава Кацаров. Годинава за првпат ќе има и денски забави на еднонасочната улица, традиционално околу 30 тезги кои ќе нудат пастрмајлии и пијалоци. На почетокот на септември на редовниот состанок ќе се одреди цената и стандардот на пастрамајлиите. Инаку, до 15 септември улицата „Ванчо Прќе“ треба целосно да биде завршена и да почне да функцира како шеталиште.