Што ако пенисот е преголем?

Како што малиот пенис може да претставува голем проблем и поголеми димензии може да предизвикаат главоболка. Но, еве некои работи кои можат да ја олеснат работата.

Лубрикант

Користете многу лубриканти. Иако партнерката е влажна, лубрикантот и во оваа ситуација ќе биде најдобар сојузник бидејќи го намалува триењето. Користете го и во текот на предиграта, но избегнувајте на база на масло туку користете на маза на вода или силикон.

Што треба да избегнувате?

Избегнувајте анален секс и кучешки стил, сепак аналниот отвор не е толку еластичен како вагината која е „дизајнирана“ од неа да излезе бебе. Позата отпозади овозможува екстра длабока пенетрација па се препорачува за мажи со помали пениси.

Форсирање

Класичната мисионерска поза ќе спречи длабока пенетрација. Иако оваа поза се смета за здодевна во овој случај е добитна комбинација за двете страни. Кога жената е горе може сама да ја контролира длабочината на пенетрацијата, а мажот може да ужива во погледот. Сексот на страна е одличен избор за надарените мажи, бидејќи таа поза никогаш не овозможува потполно длабока пенетрација.

Без брзање

Започнете полека. Техниката треба да ја следи лесен и сензуален ритам, немојте да ја покажете целата своја големина туку успорете. Пенетрацијата треба да биде спора и дајте и време да се навикне.