Што бара македонската олигархија во Охрид?

По расколот во СДСМ, Заев на тајна средба во Охрид бара помош од транзициските богаташи.

Дознаваме дека денеска попладне, пишува Република.мк, Заев од Германија директно ќе слета на Охридскиот Аеродром за да се сретне со македонската транзициска олигархија на вечера. Целта на средбата е да се подготви план за спас, евентуално и напуштање на државата на Заев по извесниот пораз на изборите.

Според нашите информации на средбата ќе бидат присутни македонските олигарси кои за без пари ги зедоа најголемите македонски фабрики во деведесеттите години: Свето Пивара, кој е сопственик на „Тиквеш“ за кого се цртаат ДУП-ови пред падот на власта во Карпош. Изминативе денови името на Свето Пивара се поврзуваше со зградите кај „Борис Трајковски“ и последниот ДУП кој го донесе Стефан Богоев како Градоначалник на Карпош за да му угоди.

-Богоев со измени во ДУП го уништува спортскиот центар Борис Трајковски одземајќи му ги тениските игралишта, картингот и дел од базенот за таму да може да никне широка улица која ќе води до парцела каде треба да никне бетонско чудовиште на транзицискиот богаташ Свето Пивара. Кој е интересот на Шилегов и зошто Богоев е принуден да го потпише овој ДУП во своите последни денови како градоначалник? Каква е врската на Шилегов со Свето Пивара? На Карпош и на Скопје ќе им бидат одземени спортски терени кои служат за рекреација на илјадници луѓе за да можат тесна клика на луѓе да профитираат, прашаа на прес-конференција од ВМРО-ДПМНЕ.