Потребно е да се зголеми домашното производство и искористат сите можни ресурси.
- Набавката на јаглен и мазут за ТЕЦ Неготино да има апсолутен приоритет веднаш. За да може да се обезбедат нови количини на мазут потребно е да се пушти продажбата на слободен пазар, односно да се тргне од листата на регулирана цена, за да не се случи недостиг на пазарот.
- ТЕ-ТО да биде во функција цела година, бидејќи многу важно да се има домашно производство не само во услови за да има стабилност туку и за услови доколку се случи затворање на границите и на cross border протокот (преку граничниот проток на електрична енергија). Во спротивно ќе се случат рестрикции што негативно ќе се одрази на континуирано производство на домашната економија.
- 40 до 45 мегавати фотоволтаици што се инсталирани и/или се инсталираат, сеуште чекаат на приклучок на мрежа. Се бара ЕВН и сите субјекти кој што се одговорни да ги приклучат во најбрз можен рок, бидејќи нема економска оправданост да има инсталирани фотоволтаици а истите да не се ставени во функција само затоа што не се приклучени на мрежата.
-
- Владата да ја врати Уредбата која беше во функција во услови на прогласена кризна состојба со која целокупната произведена енергија од обновливи избори беше насочена само за индустријата. Тоа беше и единствена мерка за поддршка на индустријата во делот на набавка на енергенси со поповолни услови. Со укинување на таа Уредба енергијата произведена од обновливи извори наменета за индустријата се намали за цели 8 процентни поени и сега изнесува од 6% до 7%, што значи со губењето на енергија од обновливите извори за потребите на индустрија производните трошоци на компаниите ќе растат.
- Се бара измени во Законот за градба, со цел легализирање на индустриски капацитети/објекти само со Г намена (за незагадувачка индустрија), кои се изградени согласно веќе донесените урбанистички планови и имаат основни проекти, но немаат дозвола за градба од повеќе објективни причини.
- Регулаторна комисија за енергетика да припреми Правилник за организирање дистрибутивни мрежи.
4.1. Со зголемување на инсталираната моќност од фотоволтаиците ќе настане потреба од градење на 110 киловолтни трафостаници а на тие ќе има можност да се приклучат и други производители.
4.2. Да се спречат злоупотребите на стопанските субјекти кои се префрлаат на универзален снабдувач а при тоа ги исполнуваат условите да бидат на слободен пазар. Тоа е работа на Регулаторна комисија за енергетика, која при вака констатирани злоупотреби треба да му даде налог на ЕВН истите да се прекинат, бидејќи со таквата злоупотреба се прават две штети. Прво се ставаат економските субјекти во нерамноправна положба и второ непотребно се оптоварува ЕСМ.
Бидејќи овие заклучоци се донесени и изградени во текот на месец јули, а сегашната ситуација е подраматична (тоа го покажуваат сметките за струја кои ги добиваат компаниите овие денови и раст на цената на струјата на берзата) Комората смета дека фокусирањето на ова прашање мора да има апсолутен приоритет бидејќи се погласни се предупредувањата од компаниите дека без државна поддршка тие немаат друга алтернатива освен да го редуцираат производството, бројот на вработените и економската активност, да не зборуваме дека инвестиционите активности ке станат мисловна именка.
И досега за одредени прашања сме имале различни ставови, некогаш сме наоѓале заеднички јазик, некогаш не, но ова прашање добива такви димензии, ако не изградиме заеднички став може да доведе до состојба од која враќањето на нормалното функционирање на компаниите ќе биде невозможно.
П.С Еве како е состојбата во земјите од регионот каде сме активни преку Коморскиот инвестициски форум.
Цената на електричната енергија, рамковен распон, EUR/MWH (евра по мегават час)
Цени во јуни 2022 Очекувања 2022 Очекувања 2023 Напомена/Извор Германија 200 – 210 210 – 250 200 – 230 База, пазарна цена актуелна на 14 јуни 2022 Унгарија 230 – 240 240 – 280 220 – 240 База, пазарна цена актуелна на 14 јуни 2022 Албанија 90 – 110 100 – 120 110 – 130 КИФ БиХ 55 – 75 55 – 75 80 – 100 КИФ Косово 70 – 90 70 – 90 90 – 110 КИФ Северна Македонија 200 – 240 230 – 270 220 – 240 КИФ Црна Гора 50 – 60 50 – 60 80 – 100 КИФ Србија 70 – 80 120 – 180 120 – 180 Анкетно истражување меѓу фирмите Напомена: За Германија и за Унгарија се дадени очекувањата на пазарот (open market), a за регионот се дадени очекувањата на компаниите кои се снабдуваат по субвенционирани цени (во Србија се поголеми очекувањата кога се зборува за идниот раст на цената, во однос на бизнисите од регионот, освен за Северна Македонија, каде што цената за стопанството ја одредува пазарот).
-