Американското Федерално биро за исраги (FBI) го идентификуваше 20-годишниот Томас Метју Крукс од Бетел Парк, во сојузната држава Пенсилванија, како осомничен за обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп во саботата на предизборен собир.
Крукс е убиен од американската Тајна служба откако пукал во Трамп кој беше на бината на политички митинг во Батлер, исто така во Пенсилванија. Меѓутоа, засега нема информации за начинот на кој е ливидиран осомничениот, дали тоа било во престрелка и дали имало преговори за негово предавање. Исто така, засега нема информации кое оружје го користел напаѓачот.
FBI соопшти дека работи на утврдување на мотивот за нападот, во кој загина еден учесник на митингот, а двајца беа повредени.
Државните гласачки записи покажуваат дека Крукс наводно бил регистриран републикански гласач. Претстојните избори на 5-ти ноември, така, би биле првите на кои Крукс ќе има право да гласа.
Меѓутоа, Крукс е регистриран дека пред три години, на свои 17 години, донирач 15 долари на ActBlue, политички комитет кој собира пари за левичарски и демократски политичари, според податоците на Федералната изборна комисија од 2021 година. Донацијата била наменета за Progressive Turnout Project (Прогресивен проект за излезност), национална група која ги мотивира и собира демократите да гласаат. Групите не одговориле веднаш на барањето на Reuters за коментар.
Осомничениот живеел на еден час возење од местото на инцидентот. Таткото на Крукс, 53-годишниот Метју за телевизијата CNN изјави дека се обидува да открие што се случило и дека нема да дава изјава додека не разговара со полицијата.
Томас Крукс дипломирал на средното училиште Бетел Парк во 2022 година, според весникот Pittsburgh Tribune-Reviewu. Според тој весник, тој добил награда од 500 долариод Националната иницијатива за математика и наука.
Полициските претставници во саботата рекоа дека Крукс немал никакво идентификација на местото на пукањето и дека морал да биде идентификуван со други методи.
„Во моментов ги разгледуваме фотографиите и снимките и се обидуваме да ја анализираме неговата ДНК и да добиеме биометриска потврда“, изјави на прес-конференција Кевин Роек, специјалниот агент на FBI задолжен за истрагата.
Весникот USA Today објави дека десетици возила на агенциите и службите за спроведување на законот биле стационирани надвор од куќата наведена на адресата во евиденцијата за регистрација на гласачите на Крукс. Агенти од Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви биле на местото, а во куќата била екипа за експлозиви, објави USA Today. Периметарот на куќата на осомничениот во неделата е изолирана со жолта полициска лента за препречување на минувањето, а пред објектот било паркирано возило на полицијата во округот Алегани.
„Лудост е некој да го направи ова“, изјави Ден Малони, 30-годишен жител од областа, цитиран од USA Today. Агенцијата Reuters наведува дека не можеше веднаш да ги идентификува сметките на социјалните мрежи или други онлајн објави на Крукс. „Meta Platforms“, матичната компанија на социјалните мрежи Facebook и Instragam, не одговорила веднаш на прашањата дали платформите отстраниле какви било сметки поврзани со осомничениот.