Што фајде имаме од извинувањето на Пендаровски?

Излегува претседателот на државата и вели „Јас да не бев претседател ќе се селев“, а два дена потоа вели „се извинувам погрешив“ , што фајде имаме ние од тоа извинување, праша Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце.

Мицкоски исто така истакна во однос на изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека тој не дава никаков пример за младите со неговата изјава.

-Како да му објаснам на мојот четиринаесет годишен син, кој ми вели тато што вели овој ако не бил претседател ќе се иселел од Македонија, вели Мицкоски.

Тој исто така истакна дека ние како граѓани мора да се бориме, дека луѓето не смеат да се помират со оваа ситуација, не смееме да бидеме рамнодушни за да не влеземе во сивилото и ако продолжиме вака нема да бидеме ни просечни, туку ќе бидеме потпросечни.