Што ќе се случи доколку Легија го промени исказот на суд?

Милорад Улемек Легија би можел да промени исказот пред судот во кој ги изнел своите сознанија поврзано со убиството на Славко Чурувија, а судот ќе оцени кои од неговите изјави се веродостојни.

„Во случај на судењето да молчи или да каже дека она што претходно го рекол не е точно, судот може да го прифати првобитниот исказ на Улемек, но вредноста на таа изјава ќе биде помала“, објаснува за „Блиц“, Божидар Бановиќ, професор по кривично право на Правниот факултет во Крагуевац и поранешен директор на Вишата школа за внатрешни работи.

Тој додал дека за судот поголема доказна вредност имаат исказите од сведоците кои непосредно присуствувале на самиот чин, одошто да изнесуваат приказни што ги чуле од други.