Што не чека во 2014, пророците најавуваат смртоносен вирус, трета светска војна, глобален банкрот

Многу „пророчки“ портали ширум светот најавуваат катастрофи во 2014 година, масовна смртоносна епидемија на птичји грип која ќе покоси една четвртина од светската популација, природни катастрофи кои ќе збришат цели градови, како и уште поголема економска криза.

Едно од најочекуваните случувања за наредната година за „пророците“ е почетокот на Трета светска војна.Таа, наводно ќе започне во голем вооружен конфликт во Иран и Сирија во кој ќе биде вовлечена целата светска заедница, а потоа ќе се прелие на сите земји на Истокот.Според овие претскажувања Северна Кореја ќе влезе на територијата на Јужна Кореја.Русија нема да може да ја сочува неутралноста и ќе биде вовлечена во крвава војна.

Долготрајната економска крза ќе се зголемува, што ќе доведе до пад на доларот како и цената на нафтата. Тоа, како што тврдат „пророците“ негативно ќе се одрази на земјите кои ја произведуваат и извезуваат оваа сировина.Акциите на многу големи компании ќе бидат обезвреднети, ќе биде намален бројот на работните места.Многу луѓе ќе се најдат на границата на банкрот.

Глобалното затоплување ќе биде причина за нагло зголемување на нивото на водата во океаните, а како последица на ова, не очекуваат големи поплави.Градовите кои се покрај вода како Венеција, Санкт Петербург и Њујорк ќе се најдат во опасност. Постои можност од цунами, тајфуни и урагани во областа на источна Азија и САД.

Социолозите наведуваат дека ваквите „пророштва“ нема да бидат остварени и напоменуваат дека се работи за наивни проекции, кои почиваат на некои општопознати факти на кои пак пророците ги додаваат своите „стручни“ проценки.Претскажувањата пред се се фокусирани на одредени целни групи, на работниците кои се грижат за егзистенција, на оние кои се бават со политика, на стравот на луѓето од труење на околината.

Посебно се бесмислени тврдењата дека модифициран вирус на птичји грип ќе покоси десетина милиони луѓе, наведуваат стручњаците од Глас на Русија.Претходната епидемија на птичји грип не однесе повеќе животи од било кој обичен грип. Тоа не може да се спореди на ниту еден начин со бројот на луѓе кои секој ден умираат од рак, инфаркт и мозочен удар или други болести.

Таквите фантазии немаат никаква врска со реалноста. Медицината е на доволно високо ниво за да спречи слични работи, невдуваат стручњаците.