Многу од шокантните слики од 7 октомври доаѓаат од палестинските терористи кои го извршија. А сепак, неколку од фотографиите објавени од водечките светски медиуми, вклучително АП, Си-Ен-Ен, Њујорк Тајмс и Ројтерс, покренаа вознемирувачки прашања во врска со тоа како лицата чии имиња се појавуваат во насловите на фотографиите се нашле на сцената на најлошиот антисемитски масакр од Холокаустот, објави i24 news.
Scoop: What were @AP, @Reuters, @CNN & @nytimes Gaza freelance photographers doing inside Israel on October 7? Coincidence or were they part of the plan? https://t.co/KcdXMd4DYF
— HonestReporting (@HonestReporting) November 8, 2023
Ова беа прашањата строго покренати во јавноста: „Што правеа тие таму толку рано, што вообичаено би било мирно саботно утро? Дали тоа беше координирано со Хамас? Дали угледните служби, кои ги објавија нивните фотографии, го одобрија нивното присуство на територијата на непријателот, заедно со терористичките инфилтратори?
Извештајот, исто така, вклучува и фотографија на која се гледа еден од оние хонорарни фотографи – Хасан Еслајах, чии фотографии од масакрот ги користеа и АП и Си-Ен-Ен. Наводно, Си-Ен-Ен го суспендираше набргу потоа.
Министерот Бени Ганц во четвртокот истакнуваи дека странските новинари го покривале масакрот на 7 октомври од самиот почеток, што имплицира дека тие претходно знаеле што следува.
Како одговор, Ганц појасни: „Новинарите за кои е откриено дека знаеле за масакрот, а сепак избрале да стојат како неактивен случаen минувач додека се колеле децата – не се разликуваат од терористите и треба да се третираат како такви“.
Организацијата The HonestReporting во својот извештај напиша: „Терористите на Хамас не беа единствените кои ги документираа воените злосторства што ги извршија за време на нивното смртоносно дивеење низ јужен Израел. Некои од нивните злосторства беа снимени од фоторепортери од Газа, чие присуство во раните утрински часови во пробиената гранична област покренува сериозни етички прашања“. истакна организацијата.
„Дали е замисливо да се претпостави дека „новинарите“ се појавија рано наутро на границата без претходна координација со терористите? Или тие беа дел од планот? – праша организацијата.
HonestReporting, исто така, истакна дека дури и ако фоторепортерите не ги знаеле точните детали за тоа што ќе се случи, „штом се разоткриле, не сфатиле дека ја пробиваат границата? И ако е така, дали ги известиле новинските агенции? комуникацијата несомнено била неопходна – пред, по или за време на нападот – за да се објават фотографиите“.