Јапонски машиновозач го тужел работодавачот, бидејќи му ја скусил платата за 56 јени, односно половина долар, како казна бидејќи својата композиција ја донел на дестинацијата со минута задоцнување, објави компанијата во четвртокот.
На почетокот од годинава машиновозачот го тужел операторот „West Japan Railway Company“ (JR West), една од водечките компании во железничкиот сообраќај која му одредила парична казна поради професионална грешка сторена во јуни 2020 година, објави дневниот весник Yomiuri Shimbun.
Машиновозачот сега бара компанијата да му исплати 2,2 милиони јени, или 19.470 долари, како обештетување со камати за морална штета која му е нанесена со паричната казна.
Грешката се случила кога машиновозачот требло да ја премести својата празна композиција на слеп колосек на железничката станица во Окајама на западот на Јапонија, но се забунил при паркирањето на перонот. Поради таа забуна доцнел една минута при доаѓањето на колосекот на кој ја „паркирал“ компизицијата.
Компанијата смета дека е оправдано да го казни вработениот поради пропустот, но тој мисли поинаку и објаснува дека доцнењето е предизвикано од минорна човечка грешка.
Системот на јапонските железниците во светот секогаш е истакнуван како пример за беспрекорна ефикасност и точност.
Светските медиуми во 2017 година на насловните страници ја објавија веста дека железничкиот оператор „искрено“ ѝ се извинил на јавноста поради „големите неволји“ коишто ги предизвикал бидејќи возот тргнал 20 секунди порано.