Што уште знаат? „Гардијан“ објавил само еден отсто од документите на Сноуден

62

И додека британската власт смета дека со објавувањето на тајните податоци е загрозена сигурната на земјата и им се помага на терористите, а  исто така дека и новинарите од „Гардијан“ мора да одат на суд за непочитување на Законот за тероризам, главниот уредник смета дека текстовите кои тие ги напишале се темелат на добиени документи и дека со нив не е загрозана ничија безбедност, ни на граѓаните, ни националната сигурност и дека никој не е довевед во опасност.

Русбригдер истакна дека од  Сноуден има добиено околу 58.000 документи и дека не очекува во иднина да се објави толку голема количина на информации. Тој додаде дека  „Гардијан“ е  под притисок на владата, и дека такво нешто би било незамисливо во САД, каде што новинарите може да се повикаат  на Првиот амандман за заштита на слободата на говорот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.