Што зборуваа премиерот во оставка Заев и врховниот судија Наќе Ѓоргиев

Вчера беше денот кога Струмица го прославува својот патронат – празникот на Светите петнаесет Тивериополски Свештеномаченици!

Вчера исто така, во попладневните часови во омилениот ресторан „Вила парк“ пристигнал и премиерот во оставка Заев, дознава Нетпресс од свои извори.

И, како по обичај, ги почнал средбите со разни луѓе, велат нашите извори, истакнувајќи дека, меѓудругото, имал средба со врховниот судија Наќе Ѓорѓиев, која траела еден час!

Оттука произлегува прашањето дали судската власт е во брак со извршната.

Наќе Ѓорѓиев напредуваше и за време на владеењето на Заев стана и врховен судија. Неговиот син за разлика од многумина успеа да влезе во Академијата на судии и обвинители токму во време кога татко му е во највисокиот суд, а мајка му Лидија Ѓорѓиева е јавен обвинител во Струмица.

Дали Наќе Ѓорѓиев ќе каже пред јавноста што е предмет на разговор со премиерот Заев и дали можеби има ургенција за некој предмет?

Го баравме Ѓоргиев по телефон, но не го добивме.