
Вработените во британската кралска куќа кои вобичаено ретко протестираат, во вторникот се собрале против планираното намалување на бројот на вработените пред една од главните резиденции на кралицата Елизабета Втора, дворецот Виндзор, објави нивниот синдкат.
Синдикатот PCS објави на Twitter фотографии од вработените кои протестираат против намалувањето на пензиите и отпуштањата од работа пред главниот влез во дворецот. Според PSC, 200 вработени се вишок, а планирани се и намалувања на пензиите.
Вработените одржале тивок протест со ликот на кралот Хенри Осми.
„Кралот Хенри сечеше глави… сега овие сакаат да ги отсечат нашите работи места и нашите пензии“, пишувало на транспарентот.
На послабо платените вработени во трите кралски резиденции: дворците Виндзор, Бакингем и Холируд, речиси преполовени им се уплаќањата во пензинските фондови, од 15 на осум отсто.
Фондацијата која управува со дворците и 600-те вработени, потврди дека поради последиците од пандемијата на коронавирусот настојува да ги намали трошоците.