Штрајкот на транспортните работници во француската престолнина Париз ќе продолжи и во наредните четири дена и ќе трае до 9-ти декември, пренесува телевизијата BFMTV која се повикува на синдикатот на операторот со парискиот јавен сообраќај RATP.
Во четвртокот ширум Франција се одржува еден од најголемите генерални штрајкови последните години, во кој учество земаат синдикатите од бројни професии. Според најавите, на штрајкот ќе му се приклучат милион работници како протест против планот за повисока возраст за пензионирање и намалените пензии.
Поради штрајкот значително е нарушен сообраќајот во цела Франција. Само 10 отсто од меѓуградските возови и возовите со големи брзини ќе сообаќаат во четвертокот, а некои регионални линии воопшто нема да бидат во функција. Меѓународните возови, како „Eurostar“ и „Thalys“, исто така, ќе бидат погодени од штрајкот. Во Париз, операторот со подземната железница RATP, ги предупреди патниците да очекуваат сериозни нарушувања на сообраќакот во текот на денот. Од 16 лини на метрото во градот, само пет ќе бидат во функција. Во функција се само 30 отсто од автобуските и трамвајските линии во главниот град.
Контролорите на летањето, исто така, ќе штрајкуваат, и 30 отсто од домашните летови на „Air France“ ќе бидат откажани, додека компанијата „EasyJet“ откажа повеќе од 200 летови.