![london strajk](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/london-strajk.jpg?resize=696%2C465&ssl=1)
Сообраќајната мрежа во британската престолнина во петокот беше парализирана, бидејќи работниците во железничкиот и автобускиот транспорт спроведуваат штрајк поради платите и работните услови, последниот во летото спорови на пазарот на трудот додека двоцифрената инфлација ги подјадува платите.
Сите лондонски подземни и надземни железнички линии целосно или делумно се запрени, а десетици автобуски линии во западниот дела од Лондон се во прекин, соопшти операторот „Transport for London“ (TfL).
Десетици илјади работници од пошироката национална железничка мрежа ја прекинаа работата во четвртокот, а тоа повторно ќе ги направа во сабота.
Патниците ширум земјата годинава веќе претрпеа нарушувања поради штрајковите на железницата. Ги организираа синдикатите, барајќи за своите челнови плати и услови кои ќе ги следат високите животни трошоци предизвикани од инфлацијата која ја поттикна растот на цените на енергијата.
Податоците покажаа инфлација од 10,1 отсто во јули, највисоката од февруари 1982 година, имајќи предвид дека сѐ повисоките цени на енергијата се на товар на потрошувачите директно преку сметките за нивните домаќинства, а индиректно со сѐ поголемите цени на храната.
Тоа предизвика судир меѓу компаниите, од една страна, кои наведуваат дека растечките трошоци и падот на побарувачката го ограничуваат нивниот простор за преговарање, и синдикатите кои велат дека нивните работници немаат за животните трошоци, како и владата загрижена дека големите зголемувања на платите може да ја поттикне дополнително инфлацијата.
„Не сакаме да бидеме во маѓепсаниот круг од 1970-те години во кој завршувате со зголемување на платите, зголемува на инфлaцијата и тн. Од тој круг никогаш не се излегува“, изјави за BBC министерот за сообраќај, Грент Шапс.
Штрајкови и синдикални акции во иднина планираат и работниците во другите сектори од британската индустрија, како што се пристанишните работници, адвокатите, наставниците, медицинскиот персонал, пожарникарите, собирачите на смет, персоналот на аеродромите и во поштите..