Во знак на протест поради плановите за приватизацијата на Солунското пристаниште, денеска од седум до 11 часот ќе бидат затворени сите грчки пристаништа.
Воедно, 24- часовен штрајк најави и синдикатот на пристанишните работници, додека во грчкиот Парламентот за денеска е најавена дебата околу спорната приватизација на пристаништата.
Исто така, за денеска е најавен и протест пред Парламентот.
Според Синдикатот, сите пратеници и партии, кои ја поддржуваат продажбата на голем дел од државните акции во грчките пристаништа, треба да одговараат пред народот.