Штутгарт ја прекина низата порази во Бундеслигата

Во премиертниот дуел од 13-то коло на германското фудбалско првенство Штутгарт на свој терен оствари важба победа од 2:1 над Мајнц во бегството од опазната зона/

Во првото полувреме Штургарт поведе со голот на Хироки Ито во 21 минута, но во 38 минута Мајнц израмни преку Александер Хак. Конечните 2:1 ги постигна хравтскиот интернационалец Борна Соса кој ја затресе мрежата откако топката се одби од стативата.

Со оваа победа Штутгарт ја прекина низата од три последователни пораза и моментално скокна на 13-то место со 13 бодови, додека Мајн остана осми со 18 бодови. На врвот на табелата е минхенски Баерн со 28 бодови, а еден помалку има второпласираната Борусија Дортмунд.