![doktori](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/doktori.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Голем број пациенти одат на лекар мислејќи дека имаат алергија, а се работи за шуга, предупредуваат од амбулантите во скопските поликлиники и од Kлиниката за дерматовенерологија.
„Дневник“ пишува дека само во Скопје месечно има најмалку 10-ина случаи кај кои се дијагностицира шуга која се пренесува преку директен контакт, а поретко и со пробување и носење туѓа облека.
Само во текот на минатата година се заразиле 125 пациенти, и тоа деца на возраст од над една година, но и постари од 60 години.
За заштита од шугата, докторите препорачуваат често проветрување, носеее чиста облека, не ја менувајте со други луѓе, и менувајте ја често постелнината.