Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, ги повика украинските власти да ги сослушаат своите граѓани, а не да употребуваат физичка сила врс нив, пренесуваат локалните медиуми. Шулц нагласил дека извештаите за провокации, со цел да биде дискредитирана опозицијата, предизвикуваат силна загриженост.
Од своја страна, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, ги повика властите во Киев да ги почитуваат демократските слободи и правото на луѓето да демонстрираат. Според него, протестите во Украина се предизвикани од разочарувањето дека претседателот Виктор Јанукович не ја потпишал Спогодбата за асоцијација кон ЕУ на самитот на Источното партнерство во Вилнус.
Во исто време, амбасадорите на Украина во Литванија и Шведска беа повикани во министерствата за надворешни работи на двете земји, во врска со употребата на сила против демонстрантите во Киев.