
Поранешниот седумкратен шампион во Формула 1 Михаел Шумахер, повеќе не е во животна опасност, објавија англиските медиуми. Германецот веќе десет дена е во индуцирана кома заради сериозните повреди на главата на скијање , а неговата агентка Сабине Кампо тврди дека повеќе не е во опасност.
„Неговото семејство сега е помирно. Ове е големо олеснување. Но, ова е само почеток, бидејќи не чека долг пат. За среќа многу полесен .Критичните моменти поминаа,“ изјави Кам.
За утре е закажана прес конференција на која ќе бидат обелоденети деталите како се случила несреќата во која се повреди Шумахер.