Шумер во Пекинг ја повика Кина да го поддржи Израел по нападите од Хамас

Водачот на демократското мнозинство во американскиот Сенат, Чак Шумер, во текот на престојот во Пекинг ја повика во понеделникот Кина да го поддржи американскиот блискоисточен сојузник Израел по смртоносните напади од радикалното палестинско движење Хамас и изрази „разочарување“ од тоа што Кина во изјавата од викендов не искажала сочувство поради цивилните жртви во еврејската дражва.

Припадниците на Хамас во нападот без преседан убиле повеќе до 700 Израелци, од кои 73 се припадници на безбедносните сили, а десетици други се грабнати и пренесени во Појасот Газа. Израел одговори со бомбардирање на палестинската енклава во кои се убиени над 430 Палестинци. И двете страни посочуваат дека голем број од жртвите се деца и жени.

Кинеското министерство за надворешни работи, вообичаено воздржано кога станува конфликти во другите региони во светот, во текот на викендот ги повика „сите релевантни страни“ на мир и прекин на непријателствата, и порача дека „основниот пат за излез од судирот лежи во спроведувањето на решението со две држави и воспоставување на независната Држава Палестина“ крај Државата Израел воспоставена во 1948 година.

Шумер ја предводи двопартоската делегација на американскиот Конгрес на турнеја по Азија во рамките на кои се сретнаа со кинескиот претседател Кси Џинпинг, а во продолжение треба да ги посетата американските регионални сојузници Јужна Кореја и Јапонија поради унапредување на економските интереси на САД, но во прв ред во сфераа на воената соработка.

„Моменталните настани во Израел последните неколку дена се ужасни. Ве повикувам вас и кинескиот народ да застанете крај израелскиот народ и да ги осудите кукавичките и подли напади. Многу сум разочаран, да бидам искрен, што изјавата на министерството за надворешни работи не покажа сочувство или поддршка за Израел во овој ужасен момент“, му рече Шумен на водечкиот кинески дипломат Венг Ји во Пекинг.

Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи Мао Нинг на редовниот брифинг за новинарите во понеделникот ја коментирапе изјавата на Шумер посочувајќи дека Кина е „многу загрижена“ поради ескалацијата.

„Многу нѐ натажуваат цивилните жртви предизвикани со овој судир и се противиме и ги осудуваме таквите акции против цивилите“, рече Мао.

Кина повикува на прекин на огнот за да се изегнат нови губења на животи, додаде и апелираше до кинеските граѓани кои патуваат во регионот на судирот да внимаваат на својата безбедност а иние кои се таму да не се оддалечуваат од местата на кои престојуват.