Струмичанец од засега непознати причини нападнал шумочувар удирајќи го во глава.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера во местото викано Поглед во струмичкото село Банско бил нападнат 61-годишниот В.К. вработен како шумочувар во ЈП-Македонски Шуми.
Тој без причина бил нападнт од 41-годишниот И.Р. кој го удрил со алат-дигалка во пределот на главата. Од ударот В.К. паднал на земја и почнал да крвари, додека И.Р., неговата сопруга и уште едно непознато лице кое било на местото на настанот побегнале. На В.К. му е укажана лекарска помош и истиот е задржан на лекување. По целосно расчистување на настанот против И.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок.