Перуанските пожарникари се борат со шумски пожар во близина на остатоците од древниот град Мачу Пикч на цивилизацијата на Инките, кој се наоѓа високо во Андите.
Пожарот до ноќта кон петокот имаше зафатени подрачје од 20 хектари, а избувнал во вторникот кога локални земјоделци палеле трева при подготовките за нова сеидба.
Директорот на Бирото за управување со ризици и безбедност во блискиот град Куско, Роберто Абарка, изјавил дека пожарникарите се борат со огнот веќе два дена, а кој поради доста непристапниот терен не било можно да биде ставен под контрола.
Мачу Пикчу, комплекс од импресивни камени градби на врвот на планината, го изградиле пред повеќе од 500 години Инките, чиешто царство се простирало на големи делови од Јужна Америка, од денешен јужен Еквадор до централно Чиле.
Комплексот е водечката туристичка дестинација на Перу, па и на континентот, и се смета за едно до новите седум светски чуда.