Клупскиот претседател на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард, откри дека во следните неколку дена, излезната врата од “Олд Трафорд” ќе им биде покажана на неколку фудбалери.
Карта во еден правец сигурно ќе добијат Хавиер Хернандез, Том Клеверли и Андерсон, а под знак прашалник е и иднината на Мароуане Фелаини и на Вилфред Заха.
“Да, ќе има и продажба на неколку фудбалери. Последниот збор ќе го има новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал. Веќе неколку фудбалери ја напуштија клупската соблекувална, а по тој пат ќе тргнат уште неколку фудбалери. Исто така морам да потцетам дека за Јунајтед нема европски фудбал во новата клупска сезона. Ќе има помалку натпревари, а менаџерот сака помал број на фудбалери, сака поголема конкуренција. Ако ја анализираме изминатата сезона, лесно ќе дојдеме до тој заклучок дека Ливерпул постигна фантастичен резултат со тим кој беше составен од помал број на фудбалери. Сепак, последниот збор ќе го има нашиот нов менаџер”, изјави Вудвард.