![French Open tennis tournament at Roland Garros](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/iga-svjontek.jpg?resize=696%2C442&ssl=1)
тенис,Деветнаесетгодишната полска тенисерка Ига Швјонтек е победничка на годинешното издание на Отвореното првенство на Франција во женска конкуренција, откако во финалето за еден час и 24 минута ја совлада Американката Софија Кенин со 6:4 и 6:1.
За Швјонтек ова е првиот освоен турнир во кариерата, досега ограше само еднашт во ВТА финале во Лугано во 2019 година, а во нитуи еден од седумте натпревари на „Ролан Гарос“ не загуби повеќе од пет гемови.
Со овој триумф, Швјонтек, исто така, стана и победника на „грем слем“ турнир во поединечка конкуренција од Полска во која и да е женска или машка конкуренција.
Претходно со пласманот во полуфиналето, Швјонтек стана втората претставничка на Полска која стасала до оваа фаза на „Ролан Гарос“ по Едвига Едржевска во далечната Јадвига Едржевска. Швјонтек, исто така, стана втората полска тенисерка која успеа да се пласира во финале на турнир во „грен слем“ серијата во ткн „отворена ера“, по Агнешка Радвансака која на „Вимблдон“ во 2012 година беше поразена од Американката Серена Вилијамс.
Иако играше против две и пол години повозрасната Кенин, која на почетокот од годинава го освои Отвореното првенство на Австралија, Швјнонтек без комплекс влезе во дуелот. Многу брзо поведе со 3:0, а откако Кенин успеа да израмни на 3:3, младата полска тенисерка повторно се одлепи на 5:3 и стаса до сервисот за сет. Во тој гем пропушти сет-топка, Кенин намали на 4:5, но веднаш во следниот Швјонтек со серија одлични поени упште еднаш ѝ го одзема сервисот на ривалката и го доби првиот сет со 6:4.
При резултат 2:1 во полза на Швјонтек во вториот сет Кенин побара медицинска помош поради болки во левата нога, а по враќањето на тереното 21-годишната Американка во четирите гема освои само три поена и Швјонтек стаса до најголемиот успех во кариерата.
Швјонтек до „Ролан Гарос“ го држеше 54-то место на ВТА листата, а стана првата тенисерка на која првиот освоен турнир во кариерата и е првата „грен слем“ титутла по Латвијката Елена Остапенко која тоа го оствари во 2017 година, исто така, на „Ролан Гарос“.