Швајцарците на референдум го забранија носењето бурки

Шваjцарците на референдумот во неделата гласаа за забрана за носењето на муслиманската прекривка за лицата на жените – бруката во рестораните, продавниците и на другте јавни простори.

Повеќе од 52 отсто од избирачите гласале за забраната, За тоа до попладневните часови во неделата се одлучиле 19 од 22 кантони во кои се преброени гласовите, од вкупно 26-те швајцарски кантони.

Забраната влегува во уставот и ќе се применува во рестораните, во продавниците и на јавните места. Сличните закони од пред повеќе години беа донесени во Австрија, Холандија и Франција.

Во законот забраната се однесува воопшто на прекривањето на лицето, што значи и за фудбалските хулигани, но медиумите нагласуваат дека законот го предложи десната антиисламска групација којашто не ги криела своите вистински намери.

Пред една деценија истата групација Комитет Егеркинген ги иницираше референдумит со кој беше забрането градење нови минариња во Швајцарија. Нејзините критичари ја обвинуваат дека промовира исламофобија и тврдат дека во слободно општество не би требало да постојат забрани за облекување.

Се проценува дека муслиманите сочинуваат 5,3 отсто од населнието на Швајцарија.

Европскиот суд за човекови права во 2014 година пресуди дека таквите забрани не ги нарушуваат индивидуалните права на слобода на вероисповедувањето или изразувањето.

Швајцарците во неделата гласаа и за воведување дигитална лична карта, што е отфрлено, како и за договорот за слободна трговија со Индонезија со кој се намалени царините на одржливото произведени палмино масло, што го прифатија.