Швајцарците одлучуваат за спогодбата со ЕУ за имиграцијата

Швајцарските избираќи во неделата одлучуваат дали сакаат да се поништи Спогодбата за слободно движење на луѓето со Европската унија, што е важен тест за ставовите кон странците кои сочинуваат четвртина од тамошното население.

Укинувањето на Спогодбата за слободно движење на луѓето со ЕУ, која е на сила од 2002 година, го побара десничарската Швајцарска народна партија (SPP), а тоа дополнително би загрозиле уште шест билатерални спогодби со ЕУ. Односно, раскинувањето на еден договор, автоматски значи и раскинвуање на сите од таа група. Договорите се однесуваат на истражувања, земјоделство, технички бариери во трговијата, јавни набавки, копнениот транспорт и цивилниот воздухопловен сообраќај.

Анкетата на порталот gfs.bern утврдила дека 63 отсто од испитаниците се против предлогот на SPP, а 35 отсто го поддржуваат, што се толкува како сигнал дека гласачите сакаат стабилнсота во време на економска несигурност поради пандемијата на коронавирусот.

Покрај тоа, Швајцарците во неделата одлучуваат за уште четири прашања: набавка на борбени авиони, за породилно отсуство за татковците, измени во законот за лов и за даночните олеснувања.

Швајцарците во 2014 година гласаа против купувањето на 22 шведски борбени авиони од типот „Gripen“. Овојпат станува збор за купување на нови борбени авиони во вредност од најмногу шесст милијарди швајцарски франци, односно 5,6 милијарди евра.

Швајцарското воено воздухопловство во моментов има 26 авиони од типот „ F-5 Tiger“, стари четириесетина години кои слуќат само за тренажни летови, и 30 авиони од типот „F/A-18“ кои би требало да бидат повелечени од употреба до 2030 година.

Опозицијата смета дека предлогот за купување нови авиони е „непотребен луксуз“ имајќи предвид дека новите закани се главно природни катастрофи, кибернетички напади и климатските промени. Владата, пак, која ја поддржуваат партиите од десницата и центарот, смета дека заштитата на воздушниот простор и натаму е ваќна за националната безбедност, без разлика дали станува збор за напади или за секојдневниот живот, на пример за безбедноста на големите меѓународни собири како што се оние кои се одржуваат во седиштето на ОН во Женева.

Владата, исто така, истакнува дека произведувачот кој ќе ги испорача новите авиони мора за возврат да склучи договор со швајцарски компании во вкупна вредност од 60 отсто од цената на авионот за да се зајакне швајцарската индустрија.

Кога станвуа збор за породилното отсуство за татковците, вработените жени според законот имаат право на 14 седмично платено отсуство по раѓање на дететот. Но татковците имаат право на само еден или два дена, доколку се вработени. А законот не предвидува ништо за ткн слободни професии.

Швајцарците, исто така, ќе гласаат и за ревизија на законот на лов кој парламентот ги усвои поради зголемувањето на бројот на волците. Сегашниот закон, кој ја регулира и заштитата на дивите животни, потекнува уште од 1986 година, кога во Швајцарија немало волци. Овие животни во земјата се вратија од 1995 година и сега ги има 80 во осум чопори.

Кантоните може да дозволат лов кога волкот предизвикува големи штети. Ревидираниот закон ќе овозможи кантоните да делуваат превентивно за да се спречи волците да не ги колат овците и козите, за да се осигури тие да се плашат од луѓето, објаснуваат властите. Здруженијата за заштита на животните го бараат референдумот против новите законски одредби.

Петтиот предлог се однесува на зголемувањето на сојузните даночни олеснувања за децата, што според критичарите би одело во полза на побогатите граѓани.