Швајцарците со референдумот го отфрлија ограничувањето на имиграциите од ЕУ, анкети

Швајцарците со големо мнозинство го отфрлиле со референдумот во неделата предлогот на Швајцарската народна партија (SVP) за укинување на договорот за слободното движење на луѓето со Европската унија, покажуваат проекциите на телевизијата SRF.

Избирачите во Швајцарија истовремено плебисцитарно одлучуваа за уште неколку прашања. Се чини дека го поддржале родителското отсуство за татковците и го отфрлиле предлогот да се отфрли ловот на заштитените видови како волците. Исто така, гласале и за набавка на нови борбени авиони во износ од шест милијари швајцарски франци. Официјалните резултати се очекуваат подоцна во неделата.

Швајцарската народна партија (SVP), која има најмногу мандати во паралементот, повика на референдум за укинување на Спогодбата за слободно движење на луѓето со ЕУ, која е на сила од 2002 година, го побара десничарската партија, а тоа дополнително ќе загрозеше уште шест билатерални спогодби со ЕУ. Односно, раскинувањето на еден договор, автоматски значи и раскинвуање на сите од таа група. Договорите се однесуваат на истражувања, земјоделство, технички бариери во трговијата, јавни набавки, копнениот транспорт и цивилниот воздухопловен сообраќај.

Референдумот се смета за важен тест за ставовите кон странците кои чинат четвртина од швајцарското население. Првичните делумни резултати од референдумот ги потврдуваат претходните анкети, покажауваат дека за иницијативата на SVP гласале 37 отсто, а против 63 отсто Швајцарци.

Од SVP сакаат Швајцарија има контрола над миграциите, а ергументите кои ги користат се слични кои ги наведуваат поборниците на брегзитот во текот на кампањата за излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Ја претставија сликата на блиската иднина во која младите странци ги менуваат старите Швајцарци, недвижните поскапуваат, се гради нелегално, а училиштата и јавниот транспорт се со недоволни капацитети.

Противниците истакнуваа дека планот би им нанел штети со кои се потребни квалификувани работници, а излегувањето од договорот би го отежнал за швајцарскиот пристап до единствениот пазар на ЕУ.

Доколку референдумот минеше, владата би морала да го поништи договорот со ЕУ, доколку со преговорите спогодбата не би била доброволно укината.

Околу 68 отсто од 2,1 милиони странци, кои живееле во Швајцарија минатата 2019 година, го правеле државјани на ЕУ, на Исланд, Норвешка и на Лихтенштајн. Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија ја прават Евроспката трговска слободна зона (EFTA), чиишто членки не се во ЕУ, се дел од единствениот европски пазар и Шенген. Од друга страна, околу 450.000 Швајцарци живеат во земјите членки на ЕУ.

Откако ќе бидат потврдени резулатите од референдимот во неделата, швајцатската влада која ја сочинува и SVP, може да се сврти кон најголемиот надоврешнополитички проблем – договорот со кој би се зацврстиле врските со ЕУ, а за кој критичарите велат дека укинува премногу од швајцарскиот суверенитет.