Швајцарија ја запре работата на своите дипломатските мисии во Турција поради терористичка закана

Амбасадата на Швајцарија во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул ја запреа својата работа поради терористичка закана, потврди во четвртокот портпаролот на швајцарското министерство за надворешни работи Пјер Ален Елчингер.

„Поради примени информации за закана од терористички чин, министерството за надворешни работи потврдува дека швајцарските дипломатски претставништва во Анкара и во Истанбул се привремено затворени за работа со странки. Министерството и локалните дипломатски мисии продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата и одржуваат контакти со турските власти и земјите партнери за нејзино проценување“, рекол Елчингер.

Претходно за привремена затворање за работа со граѓаните објавија и генералните конзулати во Турција на Холандија, Германија, Франција, Велика Британија и на Шведска. Според турското министерство за надворешни работи, вкупно девет западни земји ја суспендирале во моментов работата на своите дипломатски мисии со граѓаните.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Солјул во претходно во четвртокот ги обвини голем дел од западните земји дека започнале „психолошка војна“ против неговата земја, затворајќи ги дипломатските претставништва под изговор за наводна терористичка закана без да дадат никакви докази.

Односите меѓу Турција и Шведска се заострени во однос на барањето на Стокхолм за влез во НАТО што засега го блокира Анкара, особено откако минатиот месец шведските власти им дозволија на курдските активисти да одржат протест во близина на турската амбасада на која беше наопаку обесена кукла со ликот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, а една седмица подоцна на речиси истото место му дозволија на данско-шведски антиисламски екстремист да одржи настан на кој ја запали светата муслиманска книга Куранот.

Слични акции беа одржани и во неколку, главно скандинавски земји. Во четвртокот во турското министерство за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Норвешка, Ерлинг Сколсберг, каде што му беше изразен протест поради планираниот за в петок собир на кој, исто така, е најавено палење на Куранот. Подоцна шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу објави дека Норвешка ја повлекла дозволата за одржување на таквиот собир.