Швајцарија во петокот им најавила на Обединетите нации дека има намера да организира мировна конференција на високо ниво за Украина „до летото“, за време на состанокот на Генералното собрание за да ја одбележи втората годишнина од руската инвазија во Украина, а Русија порача дека сè уште е можно да се зачува Украина „во некој облик“, но таа мора да биде мирољубива и неутрална земја.
„На барање на Украина, планираме да организираме мировна конференција на високо ниво за Украина до летото. Затоа, би сакал да ја искористам оваа прилика да ги повикам сите народи да дејствуваат заедно кон нашата заедничка цел“, рече швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис.
Мировниот план на украинскиот претседател Володимир Зеленски предвидува враќање на територијалниот интегритет на Украина, повлекување на руската армија, заштита на прехранбените и енергетските ресурси, нуклеарна безбедност и ослободување на сите воени заробеници. Москва уште пред една година го оцени планот на Киев како неприфатлив за нејзините интереси и неостварлив.
„Русија не може да го игнорира гласот на светското мнозинство ако сите заземеме принципиелен став и дејствуваме заедно. Ова примирје за мир претставува токму таква можност“, рече украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Генералното собрание.
Советот за безбедност, исто така, се состана во петокот за да ја одбележи годишнината од руската инвазија, која започна на 24-ти февруари 2022 година.
„Војната во Украина останува отворена рана во срцето на Европа“, изјави генералниот секретар Антонио Гутереш.
Генералното собрание на ОН со мнозинство гласови ја осуди инвазијата на Русија повикувајќи на „сеопфатен, праведен и траен мир“, барајќи од Москва да ги повлече своите трупи и да ги прекине борбите. Меѓутоа, и покрај сите настојувања на западните земји предводени од САД, Москва и натаму не е ниту дипломатски, ниту економски изолирана од најголемиот дел од земјите во светската организација
„Нема потреба да се губи време на залудните планови на Киев засновани на таканаречената мировна формула на Зеленски. Тоа не е ништо друго освен ултиматум до Русија и обид да се вовлечат што повеќе земји на бескрајни состаноци за овој утописки проект“, порача рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја.
Рускиот дипломат порача дека сѐ уште постојат изгледи Украина да биде зачувана во некој облик, но посточи дека Киев мора да води мирољубива и неутрална политика.
„Сакам да нагласам: сè уште е можно да се зачува Украина во некоја форма, но таа мора да биде мирна, неутрална Украина, во која нема дискриминација и русофобија и во која нацистичките криминалци не се величаат, и од која нема произлегува закана за Русија. Токму кон постигнување на овие цели е насочен нашата специјална воена операција“ во Украина, рече Небензја користејќи го официјалниот термин со ој Москва ја означува инвазијата во соседната земја.
Како што истакна Небензја, Западот има избор: дали Русија ќе треба да се бори до крај за ова, како што таа „умее да го стори“ или, сепак, ќе преовладува здравиот разум во Вашингтон, Лондон и Брисел и тие ќе се обидат да спасат барем нешто од Украина.
Претходн рискиот амбасадор во текот на седницата на Генералното собрание на ОН рече дека „привремено окупираните територии на Украина не постојат, туку има нови руски региони: Крим, републиките Доњецк и Луганск, регионите Керсон и Запорожје“.
Тој, исто така, предупреди дека колективниот Запад ќе мора да одговара за она што ѝ е направено на Украина и ја нарече „формулата за мир“ на Владимир Зеленски лажна на која не вреди да се губи време.
„Доколку нема вистински преговори засновани на вистинска проценка на ситуацијата на теренот, целите на Северниот воен округ сепак ќе бидат постигнати“, нагласи Небензја.