Швајцарија ќе вежба полетување и слетување воени авиони на автопат

Швајцарските воздухопловни сили се подготвуваат за најлошото сценарио и во јуни ќе вежбаат полетувања и слетувања на автопат со борбени авиони „F/А-18“, откако владата ги одобри плановите во февруари.

Делот од автопатот А1 меѓу Авенше и Пеирне во областа Вод југозападно од главниот град Берн ќе биде затворен најмногу 36 часа од 4-ти до 6-ти јуни.

Сообраќајот ќе биде пренасочен, а воздухопловните сили сакаат да тестираат дали авионите можат да полетуваат и слетуваат на други локации во случај аеродромот да биде недостапен.

„Безбедносната ситуација во Европа продолжи да се влошува во последните години, особено со руската војна против Украина“, соопшти владата.

Последен пат вакви тестови на автопат беа во 1970-тите и 1980-тите.