Швајцарија од денеска ги укинува последните ограничувања што важеа за ковид-19. Во земјата маските повеќе не се задолжителни во јавниот транспорт и во здравствените установи, а апликацијата ковид-19 за следење контакти, е деактивирана.
Луѓето заразени со корона-вирусот повеќе не мора да одат во самоизолација, но властите, сепак, ги повикуваат да останат дома ако имаат симптоми.Тие оценуваат дека кај населението преовладува висок имунитет, а состојбата на интензивна нега е стабилна.
Од денеска, гостите во хотелите нема да докажуваат дека се вакцинирани, прележале ковид или имаат негативен тест. Овој сертификат повеќе не е потребен ниту за влез во ресторани и барови, но само на отворено. Сертификатите исто така повеќе не се потребни за влез во музеи и изложби, но ќе се бараат во театри, кина и концерти на затворено.