Швајцарија им подарува бонови на оние кои ќе наговорат некого да се вакцинира

2021. REUTERS/Denis Balibouse

Секој кој ќе се вакцинира против коронавирусот ќе може да наведе едно лице коешто го навоговорило на тоа, а тоа ќе добие вредносен бон од 50 швајцарски франци.

Лолакните власти ќе одлучуваат каде таквиниот бон ќе може да се искористи, на пример во кината или рестораните.

„Секој може да помогне така што ќе го убеди пријателот, соседите, колегата или член на семејството за полезноста од вакцинирањето. Таа соработка на населението треба да се награди“, објави владата.

Швајцарија ја има една од најниските стапки на вакцинираност во западна Европа. Целосно се вакцинирани само 58 отсто од вкупни 8,7 милиони жители. Швајцарија досега добила 11,9 милиони дози, а искористила 10,4 милиони дози од вакцините против Covid-19.