Швајцарија: Полицијата уби ирански барател на азил кој држел заложници во воз

Швајцарската полиција соопшти дека 32-годишен ирански барател на азил вооружен со секира и нож држел 15 лица како заложници во воз меѓу Болме и Ивердон-ле-Бен речиси четири часа додека полицијата упаднала во возот во четвртокот вечерта и го убила напаѓачот.

„Сите заложници се ослободени неповредени. Во интервенцијата напаѓачот е смртно ранет“, соопшти полицијата во кантонот Во.

Полицијата не излезе со никакви детали поврзани со можните мотиви на сторителите.

Заложничките ситуации се многу ретки во Швајцарија, а кога ќе се случат, најчесто се поврзани со банки и компании. Во јануари 2022 година, вработените во една компанија за производство на часовници се приведени и земени како заложници и принудени да отворат сеф со благородни метали.