Швајцарија ѝ забрани на Германија да испрати муниција од швајцарско производство во Украина

Новото германско барање да ѝ се дозволи да испрати муниција од швајцарско производство во Украина е одбиено.

Швајцарската влада во четвртокот откри дека министерот за економија Ги Пармелин ја одбил жалбата, која беше упатена во официјалното писмо што германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт го испрати до Берн минатиот месец.

Во својата кореспонденција, Ламбрехт побарала дозвола да испорача околу 12.400 парчиња муниција за противвоздушни возила Гепард, кои Берлин ги испрати претходно оваа година за да го поддржи Киев во тековниот конфликт со Москва.

„Според принципот на еднаков третман во законот за неутралност, Швајцарија не може да се согласи на барање за трансфер на воен материјал од швајцарско потекло во Украина се додека таа е вклучена во меѓународен вооружен конфликт“, објасни швајцарската влада во соопштението, додавајќи дека бидејќи „правната ситуација“ останува иста, „одобрувањето на трансферот на швајцарскиот воен материјал од Германија во Украина сè уште не е можно“.

Додека Швајцарија делумно ја напушти својата долгогодишна политика на неутралност среде конфликтот во Украина и се приклучи на западните санкции против Русија, таа постојано ги одбиваше обидите за снабдување со оружје од швајцарско потекло на Киев. Покрај тоа што ѝ забрани на Германија да испраќа муниција за Гепардовите, Берн и забрани на Данска да испорачува оклопни возила од Швајцарија за Украина.