1.8 C
Skopje
сабота, декември 14, 2024

Швајцарската амбасадорка Улман ја предаде донацијата на возило за противпожарната единица во Велес

Денеска во посета на општина Велес е почитуваната Вероник Улман Марти, Амбасадор на Швајцарија во Република Македонија.

Сакам да ја поздравам, да ги поздравам и претставниците на Програмата за Развој на Обединетите Нации УНДП, имавме работен состанок каде што зборувавме за еден проект кој во изминатите 4 години се имплементираше на територијата на општина Велес, тоа е проектот за Зајакнување на општинските совети, каде што советниците добија соодветна обука. Но, во рамките на тој проект имаше и форуми во заедницата каде што граѓаните на општина Велес искажаа неколку барања и проблеми кои беа решени. Значи се идентификуваше проектот „Велес без бариери“ да е еден од клучните проблеми и проекти кои што граѓаните на општина Велес го бараат.

На територија на општина Велес се навилираат 23 тротоари на улица Благој Ѓорев и се постави лифт за лица со посебни потреби во средните училишта „Кочо Рацин“ и Димитрија Чуповски.

Ја запознав амбасадорката со овие активности затоа што амбасадорката е нова почнувајќи од први Октомври во Македонија и денеска сме тука уште еден проект да заокружиме. Значи имаме едно возило кое е ново, ни е донација од Швајцарската амбасада и Швајцарската развојна Агенција тоа е возило за потребите на територијалната противпожарна станица во Велес.

Значи тоа од денес ќе биде ставено за потребите на пожарната. Сите знаеме дека Велес е специфичен град, со тесни улици, брзи интервенции се многу битни. Пожарната во изминатиот период имаше донација и од Јапонска Амбасада, но и од Дирекција за заштита од спасување со едно возило. Така да се опремуваме максимално.

Јас како градоначалник пред неколку дена најавив дека и преку Бирото за регионален развој обезбедивме едно поголемо возило за пожарната и планираме да направиме проектна документација, да ја реконструираме пожарната се со цел да овозможиме добри услови за работа на пожарникарите.

На крај дозволете уште еднаш да се заблагодарам на поддршката на Амбасадата, на Агенцијата, на Амбасадорката. И се надевам дека и во следните години ќе имаме добра и успешна соработка, пишува во својата објава на социјалнат мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Велес Марко Колев.