Швајцарската централна банка на слабеењето на франкот потрошила рекордни 90 милијарди

Швајцарската централна банка (SNB) во првите шест месец од годинава потрошила рекордни 90 милијарди швајцарски франци, околи 83,3 милијарди евра, на интервенција на валутните пазари за да го заузди јакнењето на националната валута во времето на пандемијата, покажуваат податоците на банката.

Сумата ги надминува и вкупните интервенции на швајцарската централна банка на девизните пазари во претходните три години, покажуваат податоците од SNB објавени во средата.

Швајцарскиот франк вообичаено расте во време на кризи, бидејќи многу вложувачи во него гледаат безбедно засолниште за нивниот капитал во несигурни времња.

Силниот франк, меѓута, им штети на швајцарскиот извоз и на туризмот, важни двигатели на растот на швајцарската економија, имајќи рпедвид дека поради него швајцарските производи и услуги поскапуваат во странство.