Швајцарскиот парламент гласаше против помошта за Киев

Ukraine's President Volodymyr Zelensky is seen on a screens addressing via video link Swiss parliament in Bern on June 15, 2023. (Photo by Fabrice COFFRINI / AFP) (Photo by FABRICE COFFRINI/AFP via Getty Images)

Горниот дом на швајцарскиот парламент во понеделникот го отфрли пакетот помош од 5 милијарди швајцарски франци (5,58 милијарди долари) за финансирање на Украина. Пратениците ја наведоа загриженоста дека таквиот потег ќе ги прекрши ограничувањата за задолжување во неутралната земја, објави Ројтерс.

Предложената помош беше дел од поширок пакет кој вклучуваше и дополнително финансирање за швајцарската војска, се вели во медиумот.

Федералниот совет, извршното тело на Швајцарија, ги објави плановите за формирање специјален фонд од 15 милијарди франци (16,7 милијарди долари) во април, предлагајќи да се доделат 10,1 милијарди франци на швајцарската армија, а остатокот да се испрати во Украина за поддршка на нејзиниот економски развој и за реконструкција.

Фондот, и покрај тоа што првично беше поддржан од швајцарскиот парламентарен комитет, се соочи со противење од десничарските пратеници.

Со 28 гласа „против“ и 15 „за“, Домот ги отфрли и дополнителното финансирање за швајцарската армија и помошта за обнова за Украина.

Според извештајот, пратениците тврделе дека пакетот ќе ја прекрши таканаречената одредба за „сопирање на долгот“ во Швајцарија и ќе резултира со буџетски ограничувања.

Во мај, Федералниот совет посочи дека ниту финансирањето за швајцарската војска ниту помошта за Украина не ги исполнуваат „законските барања за вонредни трошоци“.

Советот истакна дека создавањето на таков фонд според посебна легислатива треба да биде соодветно финансирано, без разлика дали преку заштеди или дополнителни приходи.

И покрај тоа што одбиваше да ѝ достави воена помош на Украина, повикувајќи се на нејзината долгорочна политика на неутралност, Берн обезбеди економско и хуманитарно финансирање во вредност од над 3 милијарди долари од почетокот на украинскиот конфликт во 2022 година, според податоците на швајцарската влада.

Во април, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров посочи дека Швајцарија повеќе не е неутрална страна и дека „од неутрална станала отворено непријателска“.