Швацарија пред ЕУ го започна вакцинирањето против Covid-19, први највозрасните

Во неколку швајцарски региони во средатата започна вакцинирањето против Covid-19, четири дена пред предвидениот почеток на имунизацијата во Европската унија.

Првото лице кое во Швајцарија ја доби вакцината против Covid-19, болеста чиј патоген е коронавирусот SARS-CoV-2, била 90 годишна жена во дом за стари лица крај Луцерн, пренесе Reuters.

Според швајцарската стратегја за имунизација, прво ќе бидат вакцинирани постарите луѓе и пациентите со хронични болести, пота здравствените работи и оние кои живеат во домаќинства со ранливи категории лица.

Швајцарија, која не е членка на ЕУ, во саботата јаодобри вакцината којашто ја развија германската биотехнолошка компанија „BioNTech“ и нејзината партнерска американска фармацевтска компанија „Pfizer“. Првите 100.000 дози во Швајцарија пристигнаа во вторникот.