Жителите на Хрватска повеќе нема да имаат слободен пристап до пазарот на труд во Швајцарија бидејќи Берн одбива да го потпише договорот со Загреб една недела по референдумот на кој Швајцарците се изјасниле дека се за сузбивање на имиграциите од земјите членки на Европската унија, соопштило швајцарското Министерство за правда.
Берн, според ова, нема да биде во можност да го потпише билатералниот договор за продолжување на правото на слободен пристап на Хрватите до швајцарскиот пазар на труд.
Овој потег на Швајцарија следи откако жителите на оваа земја минатата недела на референдум донеле одлука да „ја сузбијат миграцијата од ЕУ“ и да го поништат договорот со кој им се дава ист третман на сите граѓани на земјите членки на ЕУ и на Швајцарците на локалниот пазар на труд.