![g_rusija-zname](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/g_rusija-zname.jpg?resize=486%2C324&ssl=1)
Швајцарија ќе ја замрзне воената соработка со Русија, соопшти „Радио Слобода“, повикувајќи се на прес-службата на Федералниот совет на Швајцарија.
„При зачувување на политичка неутралност и дијалогот со сите земји, швајцарските власти одлучија да ги замрзнат сите средства на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович и неговото опкружување во Швајцарија. Исто така донесена е одлука да се замрзне извозот на воени товари во Русија, да се преиспитаат прашањето за одржување на разговори за договор за слободна трговија со Русија меѓу земјите-членки на ЕФТА и привремено да се сопре програмата за подготовка на кадри за руските воени служби“, се вели во пораката на швајцарската Влада .