
Швајцарија од денеска забранува увоз на живи свињи и производи од свинско месо од неколку европски земји, каде што неодамна беа регистрирани случаи на африкански свински грип.
Одлуката се однесува на увоз на свинско месо од Бугарија, Романија, како и некои региони на Хрватска и Латвија.
Забраната се однесува на домашни и диви свињи, како и секаков вид на месни производи од тие животни.