Швајцарски „Ронтис“ отвора нов погон и нови 100 работни места во Велес

Нов погон и сто нови работни места во Велес отвора швајцарската фирма Ронтис, јави велешкиот портал „Лисица“, додавајќи дека планирано е да се зголемува годишното производство на медицински помагала.

Минатата година во оваа фабрика биле произведени пет милијарди крвни линии, 500.000 катетри и 300.000 сетови за инфузија.

Процесот на производство во оваа фабрика е специфичен, вели Снежана која тука е само неколку недели , и веќе самостојно произведува крвни линии.

„Успеав релативно брзо да се снајдам, претпоставените, шефицата во погонот ми помогна со добра обука и пристап за работата“, рече Снежана Бошевска-работник.

Околу десет милиони евра тежи досегашната инвестиција на „Ронтис“. Новиот погон дополнително ќе ја зголеми инвестицијата.

„Погонот, кој го подготвивме, е инвестиција која вреди околу 500.000 евра. Поволните економски услови, кои ги нуди Владата на Република Македонија, придонесоа одлуката за зголемување на капацитетите да биде донесена тука“, вели директорот Бојана Димовска.

Со обрт од 8,5 милиони евра, минатата година, „Ронтис“ беше е една од најпрофитабилните фабрики во Македонија. Плановите за оваа година се зголеменото производство да ги зголеми и обртните средства на околу 12 милиони евра