Актерот и поранешен американски политичар Арнолд Шварценегер во четвртокот вечерта на наддавање го продаде часовникот за 270.000 евра, а парите ќе бидат наменети за добротворна организација за помош на иницијативи за климата, објави основаната климатската група.
Минималната понуда за часовникот што го поседуваше Шварценегер изнесувала 50.000 евра, а средствата од аукцијата ќе бидат донирани за проекти за климата.
Како што претходно објави германскиот весник Bild, станува збор за часовник „Audemars Piguet“ чија вредност самиот Шварценегер ја проценил на 20.000 евра.
Холивудскиот актер со австриско потекло и поранешен гувернер на американската сојузна држава Калифорнија е покрената кривична постапка за затајување данок, откако во средата при пристигнувањето во Германија беше задржан на царината на аеродромот во Минхен. Цариниците го обвинија дека не го пријавил и оцаринил часовникот, бидејжи часовникот требало да остане во Европската униија.
По околу три часа, на актерот му било овозможено да го продолжи своето патување и исто така му беше дозволено да го однесе часовникот на аукција. Шварценегер се согласил да плати царина на неговиот личен часовник во Минхен.
„Тој соработуваше во секое време, иако тоа беше некомпетентна истрага, тотална комедија на грешки, што ќе беше многу смешен полициски филм“, велат од Климатската иницијатива на Шварценегер.
Актерот планира да присуствува и на скијачката трка Ханенкам во селото Кицбил на австриските Алпи.